Подгответе се за голем број позитивни аспекти, но и оние кои не се толку убави.Планетите се во таква положба што позитивно ќе влијаат на вас, но ќе има и такви кои помалку ќе ви се допаднат. Она што е сигурно е дека во август ќе имате многу успеси на работа. На љубовен план ќе биде турбулентно, но не грижете се, следуваат феноменални моменти…
Рак
Во претходниот период едноставно не ви одеше, но сега е важно да се фокусирате на периодот што ви претстои. Ве очекуваат големи промени и само треба да се фокусирате на изненадувањата кои ве очекуваат, пред се на работа, бидејќи потенцијално ќе добиете покачување, но не само тоа, можеби ќе ја промените и позицијата на работа. Доколку сте слободни, постои шанса да запознаете личност која едноставно ќе ве воодушеви со својата енергија и брзо ќе се заљубите. Раковите кои се во врска треба да внимаваат на нивните врски бидејќи може да се случат проблеми. Ве очекуваат неверојатни промени, но не само позитивни туку и негативни, затоа внимавајте на се!

Вага
Родените во знакот Вага ќе имаат проблеми на повеќе полиња, па затоа е неопходно да не се изложувате на стрес, туку мирно да ја прифатите непредвидливоста на ситуацијата во вашиот живот. Можеби ќе ставите крај на долготрајната врска, но не очајувајте бидејќи ве очекува извонреден почеток на нова етапа во вашиот живот. Ќе има турбуленции на љубовен план, но ќе биде многу турбулентно на деловен план. Најважно е да се оддалечите од негативните работи и да го пронајдете својот мир. Во тој случај, се ќе помине без проблеми.

