Џенифер Лопез е позната по постојаните трансформации, особено кога станува збор за стилизирање на косата.
Латино дивата неодамна ја разбранува јавноста (или барем нејзиниот женски дел) со радикална промена на фризурата што ги направи жените „луди“. Џеј Ло ја скрати косата и се одлучи за шик боб фризура, што нејзе ѝ одговара феноменално.
Ако ви се допадна таа промена, веруваме дека и оваа ќе ве воодушеви. Џенифер на сликата повторно има долга коса, која е совршено „скршена“ и истовремено полна со волумен, а брановите се целосна новина!
Одлучивме дека оваа фризура изгледа само совршено за неа.
Дали ви се допаѓа?
