Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Неверојатно, секоја жена може да биде како неа: Благодарение на една навика Шерон Стоун ја понесе титулата „Вечна убавица“…

Иако е во седмата деценија, Шерон Стоун се уште важи за една од најубавите и најпривлечните жени

Една од најубавите жени во светот, Шерон Стоун со години е симбол на убавина, женственост и префинетост. И покрај тоа што е многу позната, таа нема проблем со стареењето.

Таа во неколку наврати изјави дека не сака да ја карактеризираат како „безвременска убавица“, но дека според неа убавината е каква што треба во секој период од животот.

  • Оваа идеја дека да се биде млад е единственото нешто што е убаво или привлечно, едноставно не е вистина. Не сакам да бидам „вечна убавица“. Сакам да бидам жена која е најдобрата што може да биде на нејзина возраст – изјави еднаш таа.

Таа е една од ретките актерки кои се приврзаници на природната убавина и кои се што имаат и должат на мајката природа и соодветната грижа за умот и телото.

Иако сите веруваа дека таа има некои тајни ритуали, илјадници креми против брчки и слично, тие беа во неверување колку всушност е едноставна нејзината утринска рутина на лицето. Денот го започнува само со основна нега – миење лице и миење заби.

За неа рутината што ја прави пред спиење е многу важна и се состои од соодветна хидратација на кожата. За неа тоа е основна нега, а за таа цел со децении го користи кремот кој мајка и и го препорачала на само 12 години и ја поттикнувала да го користи два пати на ден.

-Таа ми рече да го ставам ова наутро и навечер и дека ќе и бидам благодарен до крајот на мојот живот, а сепак и благодарам, 50 години подоцна. Затоа кожата ми изгледа добро – открила еднаш актерката.

Важен дел од нејзината рутина е и пилингот со кој се постигнува ефект на чиста и здрава кожа.

  • Мислам дека е важно редовно да се „чисти“ кожата. Верувам во едноставноста на нештата. Само добро исчистете го лицето со топла вода и добар пилинг – изјави таа претходно.

Она што изненади многумина, во однос на нејзината нега на коса, е нејзиното признание дека ја мие косата еднаш или двапати неделно, што и овозможува да ги задржи природните масла и да остане нахранета.

Таа, исто така, верува во промена на нејзините производи за нега на коса и се држи до најмалку четири различни брендови. Актерката секогаш истакнува дека убавината пред се доаѓа одвнатре, па затоа внимава што внесува во телото – избегнува преработена храна, газирани пијалоци и кофеин.

Шерон Стоун уште од мала вежбала физичка активност, а сака пилатес, кружни тренинзи и танцување.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement