После доделувањето на Греми наградите, благодарение на Хари, пребарувањата на Гугл достигнаа неверојатни 2.500%.
Влијанието на Хари Стајлс како моден идол е добро познато – од моментот кога пејачот реши да се потпре на сексуално флуидната естетика на Алесандро Микеле и брендот Гучи и се почувствува како неговата популарност расте во стил.
Хари Стајлс беше еден од наградуваните изведувачи на церемонијата на доделувањето на Греми наградите што се одржа во неделата, на 14 март во Лос Анџелес. Тој ја доби наградата за песната „Watermelon Sugar“, а сè уште се зборува за неговиот настап на црвениот тепих и сцената и неговиот стајлинг, за кој е заслужен Гучи и sвездениот стилист Хари Ламберт.
Најзабавниот детал за стајлингот на Хари е крзнената боа околу вратот. Се испостави дека боата стана нов моден тренд што го прославил славниот пејач: за неколку дена по Греми ноќта, боата се искачи високо во пребарувањата на Гугл, забележувајќи неверојатни 2.500%.
Боа Гучи што Хари ја одбрал за свечената церемонија е веќе распродадена во Farfectch, додека различни модни куќи идентификувале сличен алтернативиен стил на облека.

