Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Неверојатните предности кои ви ги носи користењето на парфеми

Дали сакате да носите неколку капки од вашиот омилен парфем кога одите на важен деловен или приватен состанок?

Одговорот е најверојатно ДА, бидејќи миризливите ноти на вашиот омилен парфем ви даваат поголема самодоверба и влијаат позитивно на вашето расположение. Парфемите поддржани од познати брендови се создадени да ве капат со прекрасни комбинации на мириси и да ви овозможат да се истакнете во толпата. Сепак, дали знаевте дека парфемот има низа други придобивки. Ние наведуваме некои од нив денес за вас во следните редови.

Подобрување на расположението
Една од главните придобивки на парфемот е подобрувањето на расположението. Кога вашите омилени мирисни ноти се насекаде околу вас, неизбежно е да се појави насмевка на вашето лице. Покрај тоа, изборот на парфем што го носите, всушност го рефлектира вашето расположение, без разлика дали се чувствувате разиграно, палаво или многу смело.

Зголемување на самодовербата
Исто како прекрасен фустан и високи потпетици, вашиот омилен парфем може брзо и лесно да ја подигне вашата самодоверба. Фактот дека знаете дека мирисате неодоливо ќе ве задоволи во друштво на важни луѓе и ќе направи чуда кога станува збор за вашето однесување во позитивна насока.

Мoже да ве направи атрактивни
Сетилото за мирис е едно од најсилните човечки сетила. Често се случува некому да ви се допаѓа токму поради мирисот на неговото тело. Комбинацијата од мирисот на кожата и парфемот што човек го носи е победничката што ве соборува од нозе. Скапите парфеми се полни со феромони кои ве прават привлечни.

Може да делува како афродизијак
Многу парфеми се создадени за да функционираат како вистински афродизијаци. Бидејќи содржат билки и есенцијални масла кои ги имаат овие својства, неизбежно е тие самите да имаат магнетни својства на афродизијаците.

Му помагаат на вашето ментално здравје
Бидејќи парфемите го подобруваат вашето расположение, тоа значи дека помалку сте соочени со чувството на стрес, вознемиреност и депресија кои влијаат на вашето здравје. Физички се чувствуваме како што се чувствуваме емоционално, а омилениот парфем секогаш го подобрува нашето расположение.

Ги поттикнуваат мемориите
Мирисните ноти на вашиот омилен парфем будат спомени од давното минато и драгите луѓе во него. Вашиот омилен парфем може да ве потсети на настаните од пред неколку децении и да стане дел од нив засекогаш. Жените честопати купуваат парфеми на своите патувања за да ги потсетат на убави спомени.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement