Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најубавите микро тетоважи: Како да ја изберете вистинската?

Трендот на микро тетоважи одолева веќе со години наназад. И со причина. При првата тетоважа, многумина често се одлучуваат за минималистичката форма на оваа уметност за да се помират со новата естетика на своето тело – помалку болат, побрзо се спремни, а сепак се доволно (не) забележливи. Во светот на тетоважите, правилото е „штом еднаш ќе се тетовираш, ќе го направиш тоа повторно“. Тогаш зошто да не започнете со мини и слатка „декорација“ на вашата кожа?

Но, без разлика на големината на тетоважата, принципот на работа е секогаш ист. Сè започнува со вашата одлука и избор на дизајн, но најважно од сè, изборот на вистинскиот уметник за тетоважа за стилот на вашата тетоважа. Можеби немате кристално јасна идеја за тоа што или на кој дел од телото сакате да правите, па сè се сведува на доверба во мајсторот.

Затоа секогаш препорачуваме да изберете професионалец во оваа област, бидејќи крајниот резултат ќе биде вистинско уметничко дело, кое засекогаш ќе го краси вашето тело. Мајсторот за тетоважа многу добро ќе објасни како да се грижи за тетоважата (особено во првите седум дена), за да заздрави правилно и да изгледа колоритно интензивно и да препорача соодветни гелови и креми. Исто така, ќе ви даде детални инструкции за неопходна и правилна нега и хигиена на кожата.

Без разлика дали сте минималисти или не, тетоважите како минијатурни срца, месечини, ѕвезди, бројки и други важни фигури ќе донесат промена во вашето тело и неопходно чувство на уникатност. Да не зборуваме за количината на убавина што таа секогаш ќе ја предизвикува во окото на гледачот.

Подолу ве инспирираме со најслатките микро тетоважи.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement