Таа храбро сподели фотографии.
Манекенката Бела Хадид е официјално најубавата жена на светот, бидејќи научниците пресметале дека таа има таканаречен златен пресек – совршени црти на лицето. Сега таа одлучи да ги сподели своите утрински фотографии со публиката, т.е. да покаже како изгледа најубавата жена на светот штом ќе стане од кревет.
Како што можете да видите, Бела е секако убава и без гламурозна шминка и фризура – во бела ноќница, разбушавена коса и широка насмевка.
Но, со овој потег Бела покажа и дека дури ни таа не е подготвена за модната писта штом ги отвори очите и дека всушност изгледа како повеќето обични девојки во домашно издание.
Нејзиниот потег им се допадна на многу нејзини следбеници, па ѝ раскажуваат како е родена да биде пред камера, но и колку е охрабрувачки за многу жени што ја покажува својата вистинска слика, а не само разубавената што ја гледаме на насловните,и социјалните мрежи.
