Поранешната фронтменка на The Pussycat Doll заедно со нејзиното момче Том Еванс настапува на најпопуларниот музички фестивал во светот Coachella во Калифорнија. И по тој повод атрактивната пејачка мами воздишки.

Никол Шерцингер многумина ја сметаат за најубавата жена на светот. Често, освен со песните, обожавателите знае да ги израдува и со својот изглед, за што „виновник“ е строгата практика.
Познато е дека Никол главно се занимава со HIIT тренинг, односно силен интензивен интервален тренинг со фокус на три мускулни групи – надлактицата и стомакот, глутеусот, но и надворешните и внатрешните бедра.
Издржливост со склекови, склекови од колкови и чекори на страна се само дел од вежбите кои прават пејачката да изгледа речиси беспрекорно.
Таа на Coachella покажа завидна фигура, појавувајќи се во портокалово бикини и светло здолниште со шлиц, а странските медиуми наведуваат дека ангажирала тим експерти за да ја организира тридневна посета на фестивалот – стилистката Џесика Пастер, фризерката Д. Вашингтон и шминкерот Адам Бурел.
