Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најскапото уметничко дело во светот

Уметноста понекогаш успешно се наоѓа во секојдневието на нашите животи …

Како потврда за ова, е најновото издание на младиот бренд Natural Light, хаотична, но пред сè флуидна идејна конструкција, составена од 2.600 универзитетски дипломи. Наречен Da Vinci of Debt, овој проект автоматски се обележува како најскапото уметничко парче во светот.

Создаден со дипломи, обезбедени од вистински матуранти низ САД и чинеше 180.000 долари кога се создаваше во просек, уникатниот уметнички проект достигна неверојатни 470 милиони долари. Во исто време, ова парче е омаж на обновената програма за ослободување на долговите од колеџот, „Natural Light College Debt Relief“, за првпат лансирана во 2018 година.

Коментирајќи за ова уникатно дело, Даниел Блејк, потпретседател на Value Brands и Anheuser-Busch здружението, додаде: „Светот на уметноста е исполнет со парчиња апсурдни цени, кои повеќето луѓе не можат да ги оправдаат на кој било начин, што секако ги прави совршен медиум за успешни кампањи. Овој посебен проект е вистинска аналогија на екстремно високите трошоци со кои се соочуваат младите за време на четиригодишното високо образование“.

Необичното уметничко дело претставува дипломи обесени среде голема сала, кои изгледаат како сите 2.600 да ги донесе ветрот и хаотично ги распрснува низ галеријата Vanderbilt Hall од 557 м2, и музејот Grand Central Terminal. Оваа поставка беше обележана од 14 до 16.01.2021 година, но сепак е можно да се посети виртуелно преку официјалната страница Natural Light.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement