Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најсексапилниот маж на светот е во врска со убавата актерка Алба Баптиста…

Актерот Крис Еванс, кој пред неколку дена беше прогласен за најсекси маж на светот за 2022 година од страна на магазинот People, е во среќна врска со португалската актерка Алба Баптиста.

Како што тврди извор за People, парот е во врска повеќе од една година, а „работите меѓу нив се сериозни“. Набргу откако беше објавено дека се заедно, Крис и Алба беа фотографирани како се држат за раце додека се шетаа низ Централ парк.

Алба зборува пет јазици и е ќерка на инженер и преведувач. Во 2018 година, таа изврши хуманитарна работа во сиропиталиште во Камбоџа со фокус на образованието. Минатата година ја доби наградата Shooting Star на Берлинскиот филмски фестивал.

Оваа недела, Еванс беше прогласен за најсекси маж во 2022 година.

“Мајка ми ќе биде толку среќна. Таа е горда на се што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали”, коментира Крис. Пред Еванс таа титула ја освои Пол Руд.

Пред две години ја загуби титулата поради разголени фотографии
Инаку, Крис Еванс требаше да ја преземе титулата за најсекси маж пред две години, но луѓето од магазинот People сметаа дека е подобро да се почека една година откако актерот случајно објави слика од својот пенис на Интернет. Имено, во септември 2020 година, Еванс случајно прикачи голи фотографии додека се обидуваше да објави видео на Инстаграм.

Еванс брзо ја избриша сликата, но на крајот беше предоцна бидејќи сликите од екранот беа објавени на Твитер, а фотографиите станаа вирални.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement