По брачниот бродолом и се уште актуелниот случај на развод со Анџелина Џоли, изгледа дека актерот Бред Пит повторно заљубен! Како што пишува Daily Mail, холивудскиот миленик на жените е виден во друштво на младата Инес де Рамон на концертот на Боно Вокс во Лос Анџелес. Иако прво го поврзуваа со американската манекенка Емили Ратајковски, а потоа и со Џиџи Хадид, се чини дека најпосакуваниот ерген сепак падна на шармот на поранешната сопруга на колегата Пол Весли…
Се чини дека по многу шпекулации конечно е откриено со кого се бакнува 58-годишниот Бред Пит.
Миленикот на женската публика е виден во неделата на концерт во Лос Анџелес во друштво на 29-годишната Инес де Рамон, која на јавноста и е најпозната како поранешна сопруга на актерот Пол Весли, ѕвезда на серијата. ‘Дневниците на вампирот’.
Ѕвездата на филмот „Безмилосните копилиња“ и атрактивната бринета пристигнаа на концертот на Боно Вокс со неговата Тesla, а потоа беа забележани како разговараат со актерот Шон Пен, супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, претприемачот Ранде Гербер.
Иако се трудеа да се воздржат, Пит и Де Рамон повремено се држеа за рака, си шепотеа на уво и беа многу интимни, па нема сомнеж дека ова не беше само пријателски состанок.
Според фотографиите кои ги објави Daily Mail, кои потоа ги преплавија социјалните мрежи, може да се забележи дека холивудската убавица била облечена во лежерна комбинација на фармерки, сив кардиган и капа.

Атрактивната Инес беше облечена во црни, тесни кожени панталони во комбинација со бела маичка со деколте, додека во раката носеше минијатурна жолта чанта Hermes.
:max_bytes(150000):strip_icc():focal(749x0:751x2):format(webp)/Brad-Pitt-and-Ines-De-Ramos-dating-20221116_78-26849aca337b421f878d26c896e98e01.jpg)
Инес де Рамон е производител на накит и моментално работи како менаџер во Anita Ko Jewelry.
Врската со 40-годишниот американско-полски актер Пол Весли ја започна во 2018 година, а една година подоцна се венчаа во кругот на семејството. Во септември годинава објавија дека се разведуваат по речиси три години брак.
„Одлуката за развод беше взаемна и се случи пред пет месеци“, изјави претходно за People претставник на славната двојка, додавајќи дека тие повеќе не живеат заедно.
