Кортни Кардашијан и Тревис Баркер наводно ќе направат раскошна венчавка во Портофино.
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се подготвуваат за раскошна венчавка во Портофино.
Тие сè уште се однесуваат како развратни тинејџери кои не можат да ги тргнат рацете еден од друг додека уживаат во семеен одмор на италијанскиот брег.
Тие биле забележани како се бакнуваат на брод, а ријалити ѕвездата цело време го гушкала тапанарот. Парот, кој легално се венча минатата недела, не се грижеше што нивните деца се околу нив бидејќи разменуваа нежности, што не им е прв пат.
Рокерот беше без кошула и го покажа своето истетовирано тело, додека Кортни облече бела маица, а подоцна и минијатурно црно бикини.

Се шпекулира дека нивната раскошна венчавка ќе се одржи во Портофино и дека во италијанското гратче пристигнуваат познати гости, а веќе им се придружиле и сестрата Клои и мајката Крис.
Еден од „најиритирачките“ парови наводно изнајмил замок каде што планира да се венча пред блиските пријатели и семејството.
Откако го изговорија судбоносното „да“ минатиот викенд во судницата во Санта Барбара, Калифорнија, дуото потврди дека и официјално се сопружници на нивните профили на Инстаграм.
Во април направија и свадба во Лас Вегас, иако тогаш не добија дозвола за брак.
Кортни и Тревис се верија во октомври 2021 година на годишнината од првиот ден кога станаа повеќе од пријатели.

Ова ќе биде прв брак на Кардашијан. Таа има три деца со нејзиното поранешно момче Скот Дисик, Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7).
Во меѓувреме, Баркер го има синот Лондон (18) и ќерката Алабама (16) со поранешната сопруга Шана Моаклер, со која беше во брак од 2004 до 2008 година. Тој претходно беше во брак со Мелиса Кенеди од 2001 до 2002 година, но немаше деца заедно. .
Да потсетиме, долго време се шпекулира дека парот го очекува своето прво заедничко дете, а Кортни искрено призна дека одат на вештачко оплодување бидејќи тоа не можат да го направат по природен пат. Признала и дека има проблеми со хормоните, поради што качила некој килограм, но и со депресија, а со неа сочувствуваат и многу жени.„Сите пишуваат дека сум бремена и дека сум се здебелила, а толку е грубо да ги коментираш луѓето кога не знаеш низ што минуваат“, се пожали Кортни во новото семејно шоу. „Поради лековите што ги земам, буквално сум во менопауза. Телото ми тргна. Нерасположена сум и депресивна, не се чувствувам добро“, заклучила Кортни тогаш во семејното шоу.
