Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

наскоро на Аукција : Сликата на Ботичели вредна 80 милиони долари

Портрет насликан од познатиот ренесансен сликар Сандро Ботичели кон крајот на 15 век ќе се најде во јануарската аукција на Сотби, Њујорк, а неговата вредност се проценува на 80 милиони долари.

Сликата покажува непознат благородник од времето на ренесансната Фиренца како во раката држи рондела – симбол во кружен облик.

Бидејќи ретко има можност да се купат делата на Ботичели, Сотби се надева дека цената на портретот би можела да надмине 100 милиони долари, а последниот ваков случај го имаше токму оваа аукциска куќа, минатата година, кога сликата на Клод Моне беше продадена за 110 милиони долари.

Според АП, сегашниот сопственик ја купил сликата на аукција во 1982 година, за сума што денес одговара на износот од нешто повеќе од еден милион долари.

Елитниот статус на ова уметничко дело го дава и фактот дека, барем колку што е познато, во светот има само 12 портрети направени од Ботичели.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement