Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Наоми Кембел и Брижит Макрон: Две стилски дами забележани на ист настан

Глобалниот супермодел присуствуваше на годишната воена парада за Денот на Бастилја во Париз, придружувајќи ѝ се на сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон за време на церемонијата.

Необичната комбинација на дами, кои потекнуваат од сосема спротивни светови, има неоспорна заедничка склоност кон добриот стил, а на оваа средба не очекувавме ништо помалку од префинета елеганција.

Некои аутфити никогаш не излегуваат од мода, а твид фустанот е дефинитивно онаа класика која обезбедува безвременски шик. Наоми го знаела тоа многу добро, избрајќи го совршениот мини фустан на Луј Витон во пастел твид за ноќно излегување на Елисејските полиња. Останувајќи верна на француската модна куќа, таа фустанот го комбинирала со бели чизми од Луј Витон и чанта со копче каде е истакнато бренд логото.

Од друга страна, Брижит избрала макси фустан со синџир принт, која стилски го разубавила аутфитот со машна на вратот. Појасот со истиот дезен суптилно ја истакнала нејзината половина. Првата дама на Франција го заокружи својот изглед со високи потпетици со црн и златен принт. Très chic!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement