Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Му требале години да ја преболи: Ова е единствената жена што Џорџ Клуни ја сакал пред Амал!

Кели Престон припаѓала во кругот на една од најубавите жени во Холивуд, додека Џорџ Клуни како еден од главните заводници… Сепак, нивната љубовна приказна одамна е заборавена..

Клуни веќе неколку години е во брак со Амал Аламудин, со која ги доби близнаците Александар и Ела, но сепак има и такви кои се сеќаваат дека некогаш врската со убавата Кели Престон му била „најважната работа“, како што и самиот призна.

Кон крајот на 80-тите години на минатиот век беа доста бурни за љубовниот живот на Кели. Во тоа време беше омажена за Кевин Гејџ, но како што и самата изјави, веројатно тоа не е „среќен брак“. Всушност, разводот следеше во 1987 година, по две години брачен живот. И додека Кели ги полнеше колумните во весниците првенствено заради нејзините улоги во хит филмовите „Twins“ и „Space Camp“, а Џорџ глумеше во Roseanne, беше вистинско време на овие ѕвезди да им се вкрстат патеките.

Според Мирор, Џорџ и Кели се запознале кога пропаднал бракот со Гејџ, а тоа се случило кога нивниот агент ги поканил на истата забава.

Кели била поканета од Џорџ да се повози со неговиот мотор Харли Дејвидсон, а актерката призна дека по тоа возење била „маѓепсана“.

Многу брзо, овој славен пар одлучил да живее заедно. Сепак, колку и да се сакале, нивната љубовна приказна не траеше долго …

По раскинувањето, Кели се забавуваше со Чарли Шин, со кого беше за кратко свршена. Подоцна се омажи за Џон Траволта, а нивната децениска приказна е особено фасцинантна.

На Кели и беше дијагностициран рак на дојка, од кој почина минатата година. Траволта тогаш во солзи објави дека ја изгубила двегодишната битка со ракот.

Интересно е што Џорџ и Кели на своите ќерки, од бракот со Амал Аламудин и Џон Траволта, дадоа исто име – Ела …

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement