Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Му простила за прељубата со 17 години помлада девојка: Познатата оскаровка сепак се разведува по долга љубов?

Нивното заљубување го опишала како бајка, имала две деца со човекот кој го сметала за маж на нејзиниот живот, била подготвена да ја преболи аферата,но изгледа се уште нема надеж за бракот на познатата актерка.

Израелско-американската актерка Натали Портман (42) и нејзиниот сопруг Бенџамин Милипид (46) се разделија по 11 години брак, пишува US Weekly.

Парот заедно ги има синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6), а веќе некое време се шпекулира дека имаат проблеми во бракот по неговата афера.

Се шпекулираше дека актерката решила да му прости на својот сопруг за неговата прељуба, но таа потоа беше видена на 4 август, на денот на нивната 11-годишнина од бракот, без бурма на фудбалски натпревар во Австралија.

– Откако се појави веста за неговата афера, тие се обидоа да поработат на бракот, но моментално не се заедно – изјавил извор близок до парот.Во јуни во американските медиуми се појавија гласини дека Милипид ја изневерувал актерката со Камил Етјен (25), активистка која ја подига свеста за климатските промени. Извор близок до Натали Портман тогаш изјави дека актерката е посветена на бракот и покрај озборувањата.

  • Натали верува дека аферата на Бенџамин била кратка и глупава авантура која не му значела ништо – ни изјави тогаш блиска личност на оскаровецот и додаде дека Портман се чувствувала „понижено“.

Сепак, таа беше подготвена да ја обнови нивната врска за нивните деца да не растат во скршено семејство, а за Милипид се вели дека се кае што ја повредил.

Натали Портман и Бенџамин Милипид се запознале додека соработувале на “Црниот лебед” на Дарен Аронофски (2010), каде што работел како кореограф.

  • Тогаш го запознав мојот сопруг и бев како во земјата на соништата. Ме научи да танцувам. Знаете, тоа е една од оние романтични приказни. Беше многу возбудливо и забавно. Беше убаво. Не знам дали тоа беше љубов на прв поглед. Го запознав и имав чувство – ох, тоа е таа личност – изјави актерката во едно интервју подоцна.

Двојката се венча во 2012 година во Калифорнија, а потоа некое време живееше во Париз, по што се пресели во Калифорнија.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement