Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Музичка дива со најтажната животна приказна: Додека целиот свет и се воодушевувал, таа минувала низ вистински пекол!

Кралицата на соул-музиката е родена како Арета Луиза Френклин на 25 март 1942 година во Мемфис, а кратко по нејзиното раѓање, семејството се преселило во Детроит, каде што нејзиниот татко основал црква. Благодарение на него, но и на нејзината мајка, госпел-пејачката Барбара Сигерс Френклин, Арета уште од рана возраст уживала во госпел и соул музика и било јасно дека на тоа ќе гради музичка кариера.

Нејзините родители се развеле рано, па таа живеела со нејзиниот татко во текот на годината, и со нејзината мајка во текот на летото.

„Јас дури и не се сеќавам како изгледаше мојот живот кога мама и тато беа заедно. Се сеќавам дека тие многу често се караа и дека јас и моите сестри свиревме што е можно погласна музика во тие моменти, за да не ги слушаме грдите меѓусебни препукувања на зборови, од страна на родителите. Можеби звучи грубо, но малку ми беше драго кога раскинаа и не испратија кај баба ми, која љубезно ја нарекувавме Биг Мама“, изјави еднаш пејачката.

Првата голема трагедија што ја снајде Арета е смртта на нејзината мајка. Арета имала само 10 години, а нејзината тетка и баба се грижеле за неа и нејзината сестра Каролин и двајцата браќа.

Арета барала бегство од тагата во музиката, а нејзиниот татко го препознал талентот, па се обидел да потпише договор со дискографски куќи кога таа имала само 14 години.

Заедно со нејзиниот татко, кој беше и нејзин менаџер, Арета го издаде нејзиниот прв албум „Songs of Faith“ во 1956 година, а после тоа успесите сами доаѓале. За време на нејзината долга кариера, таа стана вистинска легенда во светот на музиката, освоила дури 18 Греми награди и влез како првата пејачка која добила место во Рокенрол салата на славните. (Rock and Roll Hall of Fame).

Бурна младост и љубовен бродолом

Иако нејзината кариера напредувала од година во година, во приватниот живот и се случија сосема различни работи. Нејзината судбина била далеку од убава.

Родила синови кога била тинејџерка. Синот Кларенс го родила кога имала 14 години, а две години подоцна и синот Едвард.

“Станав мајка на многу мала возраст. Јас го родив синот Кларенс на четиринаесет години и Едвард две години подоцна. Никогаш не им реков кој е нивниот татко, ниту ќе знам. Знам дека е себично, но тоа е само тајна, што ќе им ја однесам во гроб “, изјави дамата која подоцна се покаја за грешка од својата младост.

Се шпекулираше дека таткото на Кларенс е момчето со кое одела на училиште, Доналд Бурк, додека Едвард е именуван по неговиот татко Едвард Џордан. Синовите ги воспитувале нејзината баба и сестра додека таа продолжила со кариерата.

За прв пат се омажи за Тед Вајт, кој бил многу постар од неа. Иако нејзиниот татко се противел, тие останаа во брак 8 години, а имаат и син Тед Вајт, кој денес се занимава со музика. Овој брак и донесе само проблеми. Нејзиниот сопруг физички ја малтретирал, ѝ требало неколку години да собере храброст за да го остави.

По разводот, таа влегла во врска со нејзиниот поранешен менаџер Кен, со кого го добила четвртиот син во 1968 година. Сепак, и оваа врска не успеа да опстане.

Арета, после толку многу тешки трауми, одлучила дека никогаш повеќе нема да се венча, иако била многу близу да стапи во брак со бизнисменот Вилијам Вилкерсон, со кого сè верила во 2012 година. Една недела подоцна, тие ги откажале подготовките за венчавката, со објаснување дека сесијата се одржала премногу брзо.

Уште една трагедија во низа

Со сите љубовни бродоломи што и се случиле, доживеала голема трагедија кога нејзиниот татко бил застрелан во 1979 година. Потоа завршил во кома во која бил 5 години, по што им подлегнал на повредите и починал.

Како најмлада во семејството, Арета ги надживеа сите свои сестри и брат. Секогаш и било тешко кога некој ќе ѝ тропнел на врата да изрази сочуство за близок роднина, но како одминувало времето, таа научила да живее и со тоа чувство.

“И кога бев помлада, и сега, отсекогаш сум била голем борец и не сакав да зависам од никого. Не е лесно, но човекот не знае ни за што е подготвен и колкав товар може да сноси додека му служи животот. Најтешко ми беше кога почнав да губам членови на семејството. Тогаш срцето ми се распаѓаше и душата плачеше, иако никој никогаш не ги видел моите солзи”.

Живот полн со пороци

Во поголемиот дел од својот живот, таа се борела со вишокот килограми што ги изгуби кога се разболела сериозно. Не сакала да зборува премногу за тој период од нејзиниот живот. Покрај тежината, Арета имала проблем и со алкохолот.

Првите приказни за борба против ракот на панкреасот започнале во 2010 година, кога ноќта по завршувањето на Греми наградите, завршила во болница. Потоа ја оперирале и некако била опоравена. Сепак, болеста се навраќала често. Следувале години на борба со злобната болест, а пејачката почина во 2018 година, кога имаше 76 години.

Поради болест, таа мораше да престане да го работи она што најмногу го сакаше и да ги откаже сите настапи, а последниот јавен настап е во јуни 2017 година.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement