Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Моника Белучи ја открива својата љубов кон дијамантите, како се исполнува и каков совет им дава на своите ќерки

Моника Белучи е ненамерен експерт за накит. Италијанската филмска легенда отсекогаш важела за муза на многу познати брендови за накит, кои со своите исклучителни примери ги украсувале нејзините изданија на црвениот тепих.

Со текот на годините, со својот изглед и стајлинзи, таа ги велича настаните како Канскиот филмски фестивал и наградите БАФТА, во накит што вреди да се изложат во музејот. Моника сега го подигна својот интерес за уметничката форма на накит на повисоко ниво со тоа што му се придружи на Картие во најновиот потфат на брендот, проект кој патува низ светот во режија на Шарлот Велс.

Италијанската дива е главната дама на оваа кампања, наспроти ѕвездите како Лили Колинс и Мејси Вилијамс. Иако носи нова верзија на култниот ѓердан Картие крокодил, првично дизајниран за мексиканската актерка Марија Феликс во далечната 1975 година, Моника признава дека она што ја привлекува кон ова парче дијамант не е врдноста во карати, туку повеќе за самата конекција.

„Понекогаш тоа е само личен момент“, изјави актерката. „Да, сите дијаманти се убави, но имам и обичен прстен од гранат што го носам постојано затоа што ми го подари баба ми, а за мене има големо сентиментално значење.

Моника ја припишува заслугата на нејзината мајка и баба кои и биле инспирација за стилот што го негува. „Жените во моето семејство ме научија дека имаме право да се сакаме себеси и да одвојуваме време за лични задоволства“, вели таа. „Оваа грижа за себе е врвниот израз на нашата женственост, рефлектирана не само во стилот и накитот што го носиме, туку и во начинот на кој се однесуваме кон себе“.

Вакви лекции им пренесува и на своите ќерки, 17-годишната Дева и 11-годишната Леона. „Тие разбираат дека треба да го сакаат и почитуваат она што се, да одвојуваат време за работи кои се исклучиво за нивна лична корист, а потоа да задоволат некој друг“, вели актерката.

За Моника, накитот служи како доработка, личен допир што го комплетира изгледот. „Велат дека секој камен има своја енергија. Така, кога ги носите овие парчиња кои се вистински уметнички дела, вие сте во контакт со тоа. Секогаш е фасцинантно да се оди во Картие Ателје и да се видат занаетчиите додека тие создаваат, бидејќи тоа ви овозможува да го цените искуството уште повеќе. Погледнете ја прецизноста, уметноста и љубовта зад создавањето на скапоцени камења“. Понекогаш конечниот избор се сведува на инстинкт. „ Едноставно го чувствуваш тоа“, објаснува Моника. „При изборот на накит, не се работи за тоа да се биде најубавото и најскапото парче, туку како она што го носите го доловува тој момент во времето.

Блескавиот камен кој го привлекува целото внимание кон себе никогаш нема да го изгуби својот сјај, но Моника признава дека од друга страна ужива и во минималистички накит. „Сакам дијаманти, рубини и сафири, но понекогаш е поелегантно да се донесе нешто поредуцирано. И тоа ви дава сосема поинакво чувство отколку кога носите огромен дијамант“.

Едноставноста е правилото кое се почитува при изборот на накит за нивните ќерки. „Кога ќе покажат одлични резултати на училиште или кога ќе им славиме родендени, сакам да им купам мал подарок. Потоа избирам поедноставен накит, бидејќи сè уште се многу млади. Накитот не мора да биде премногу скап. Повеќе се работи за моментот и сеќавањето што ќе го создадат со тоа парче злато“.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom