Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Моника Белучи блесна на страниците на престижно списание: Оваа жена е уметничко дело! (ФОТО)

Кога ќе се спомене легендарната италијанска модна куќа Долче и Габана, многумина веднаш ќе помислат на Моника Белучи, долгогодишното лице на славното дизајнерско дуо.

56-годишната актерка, која многумина ја паметат по улогите во филмовите „Малена“ и „Стен“, снимаше бројни кампањи за облека, шминка и модни додатоци со потписот на оваа луксузна марка низ годините.

Имено, во специјалното модно шоу Алта Мода, посветено на модната куќа Долче и Габана, Моника позира во раскошните креации на двајцата, пред камерата на Себастијан Фаен.

Фотографиите се направени во студио за скулптури, во кое самата Моника изгледа како уметничко ремек-дело, исто како фустанот од италијанско производство што го носи, или облечена само во најлони, се потпира насо нејзиното голо тело.

На најконтроверзната фотографија, од која зрачи страста, волшебната актерка позира облечена во елегантен црн фустан со млад манекен кој се наоѓа во улога на скулптор опседнат со својата муза.

Неколку години по разводот со Винсент Касел, Моника пронајде нова љубов – францускиот уметник и сценограф Николас Лефевр, со кого првпат се појави во јавноста на ревијата на Шанел во 2019 година, иако се во врска од 2017 година.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement