Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Може ли принцезата Ана да ја преземе круната на принцот Чарлс?

Борба за престолот…

Единствената ќерка на британската кралица Елизабета и принцот Филип, 70-годишната принцеза Ана, е во битка за престолот на кралскиот двор. Имено, списанието Women’s Day минатата година, тврдеше дека се води битка за престолот помеѓу принцот Чарлс и принцезата Ана и дека кралицата Елизабета Втора ја фаворизира својата ќерка за наследувањето на британската круна. „Како што старееше, кралицата сфати дека ќе биде многу подобро ако кралството го води Ана, а не Чарлс“, изјави неименуван извор за списанието.

„Чарлс минатата година сфати дека е во несигурна позиција – не само во очите на јавноста, туку и во очите на неговата мајка. Оттогаш тој започна целосна кампања за да ги убеди сите дека е способен да стане крал, но не е сигурен дека направил доволно за да добие одобрување од неговата мајка. Ана е исклучително конкурентна и нема сомнеж дека ќе ризикува да го прескокне својот брат. Чарлс има вистинска конкуренција и не è сигурен дека семејството ќе му даде поддршка“, додаде изворот.

Сепак, принцезата Ана да стане кралица е скоро невозможно. Кралицата, всушност, нема овластување да ја менува наследната линија, па дури и во ситуација да фаворизира друг член на семејството, Елизабета Втора не можеше да стори ништо во врска со тоа. Единствениот начин на кој принцезата Ана би дошла на тронот е принцот Чарлс да се одрекне од титулата, но и тогаш неговите деца и внуци се пред неа во редот на наследството.

Да потсетиме, хроничарите кои ги следат настаните на кралскиот двор неодамна тврдеа дека 72-годишниот принц можеби претпочитал да го види Вилијам како го презема своето место во редот на наследството на круната. Ако се повлече и му дозволи на принцот Вилијам да стане крал, Чарлс ќе го стори она што цело време се надеваше на неговата покојна сопруга принцезата Дајана. Имено, во интервјуто дадено во 1995 година, принцезата Дајана, на новинарско прашање дали се надева дека принцот Вилијам ќе ја наследи кралицата, а не Чарлс, јасно одговори дека таа би сакала. „Да. Мојата желба е мојот сопруг да најде душевен мир , а потоа да извлече сила од тоа за во иднина“, изјави Дијана.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement