Кога велиме фустан од тантела, што едвај покрива половина од телото, ретко кој со префинет вкус вакво парче би го поврзал со софистицирано или елегантно, но сосема спротивно – со вулгарно. Сепак, Хајди Клум тоа го направи прилично маестрално, носејќи еден „гол“ фустан на сосема нов начин.
Со провокативен, светло жолт фустан од брендот Dundas, долги ракави и целосно отворен одзади, врзан со тантела која продолжува настрана и завршува настрана, оставајќи го во здолништето целосно отворено од едната страна на бутот до подот , германската манекенка успеа на сензуален и елегантен начин да ја извади оваа необична креација.
Непотребно е да се каже дека под овој модел на фустан нема ништо, а тоа Хајди егзотично го прикажа – што само повеќе зборува за тоа колку е важен начинот на кој е претставена одредена работа.
Жолтиот фустан го искомбинирала со тенки златни потпетици кои се состоеле од преден PVC проѕирен ремен на нејзините прсти. Овој модел на сандали е многу популарен меѓу познатите, па често можеме да ги видиме на Кендал Џенер или Меган Фокс.


