Поранешната бизнис менаџерка на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата и должи нешто повеќе од милион долари, а сега поднела тужба обидувајќи се да си врати дел од заслужените пари, пишува TMZ.

Ребека Дракер во правните документи навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година, а тој повторно ја ангажирал по две години, во мај 2020 година, кога неговиот „личен и професионален живот беа во тотален хаос“.
Поранешната менаџерка тврди дека таа е одговорна за враќање на неговиот живот и кариера на вистинскиот пат. Таа се занимаваше со договорите за неговото снимање, турнеи и спонзорства и му помогна да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со колегата Енрике Иглесијас (47).

Дополнително, Дрејкер изјави и дека токму таа го заштитила во 2020 година, кога му се заканувало прекин или колапс на кариерата бидејќи ангажирала врвни адвокати кои ја решиле работата, а Рики од целата приказна излезе неповреден.
За сиот труд таа требало да добие провизија од три милиони долари, која Мартин никогаш не и ја дал. Таа изјавила дека ја манипулирал и ја лажел, што на крајот ја принудило да се повлече од партнерството во април годинава.
Кога инсистирала да ги добие парите, Мартин наводно почнал да и се заканува дека ќе ја замолчи и барал да потпише договор за необјавување, што таа го одбила.
Дрејкер сега го тужи пејачот за 3 милиони долари, плус казнена отштета. TMZ се обиде да стапи во контакт со пејачот, но тојсеуште нема одговорено.

