Што се однесува до модното прашање по повод традиционалното славење на Ноќта на вештерките во Белата куќа, американската прва дама Меланија Трамп не сакаше ниту овој пат да остави ништо на случајноста.
Откако минатиот викенд блесна во капут во боја на теракота со потпис на италијанската модна куќа Прада, овој пат се одлучи за сет со дезен од шеврон (рибина коска).

Со кратко блејзерче со нагласени рамена и здолниште со висок струк, 50-годишната Словенка успеа да ја истакне својата совршена фигура и уште еднаш да докаже дека е една од најдобро тренираните први дами на светот.
Споменатиот сет е дело на прославеното италијанско дуо Долче и Габана, познато по создавањето модни парчиња кои особено ја ласкаат женската фигура.
Како ви се допаѓа овој изглед на првата дама на Америка?

