Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Мекензи Скот, поранешната сопруга на милијардерот и основач на Амазон, Џеф Безос, наскоро ќе стане поранешна сопруга и на Ден Џевит…

Филантропот Mекензи и Ден Џевит професор во приватно средно училиште во Вашингтон се венчаа на тајна церемонија минатиот март. Нешто помалку од две години подоцна, брачните проблеми се појавија кога името на нејзиниот сопруг одеднаш исчезна од нејзините филантропски позиции, а таа потоа поднесе барање за развод. Нивниот сојуз не се базираше само на љубов и посветеност, туку и на филантропско партнерство, при што г-дин Џевит јавно вети дека ќе ѝ се придружи во донирање огромни суми во добротворни цели.

Во март 2021 година, Мекензи Скот ја искористи страницата Giving Pledge за да ја објави веста за нејзиниот брак со Џевит.Таа го додаде и неговото име со ветувањето дека ќе донира голем дел од своето или нивното богатство во хуманитарни цели. „Оженет сум со една од најдарежливите и најљубезни луѓе што ги познавам – и се придружувам на нејзиното ветување да донирам големо богатство за да им помогнам на другите“, напиша Џевит, покрај фотографијата од него и Мекензи.

Сепак, по неволјите во рајот и пропаѓањето на бракот, сега можеме да ја видиме само нејзината фотографија на веб-страницата Giving Pledge, при што примателите на нејзината хуманитарна помош и се заблагодаруваат само на неа, оставајќи го Џевит целосно надвор од приказната.

Отсуството на Џевит беше забележано и во биографијата на авторот на Мекензи на Амазон, додека таа го отстрани неговото име од објавата на Медиум во која пишуваше за нејзините филантропски потфати со кои се занимава минатата година. Милијардерот филантроп се разведува по втор пат во три години – претходниот развод следеше по 25 години брак со Џеф Безос.

Адвокатот кој ја застапуваше за време на разводот со Безос не сакаше да коментира на оваа тема, додека Џевит го прифати разводот без прашање, бидејќи потпишаа предбрачен договор во кој јасно дефинираа се.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement