Според американските медиуми, Меган Маркл го искористила своето право на глас и пред неколку дена гласала на изборите за американскиот претседател.
Доколку ова e официјално потврдено, таа влегува во историјата како прв член на британското кралско семејство што гласала на изборите во САД, но и воопшто.
Непишано правило е членовите на британското кралско семејство да не гласаат на избори и да не смеат да се мешаат во политиката, но Меган и принцот Хари го прекршија ова правило кога го напуштија кралското семејство, но и кога неодамна зборуваа за изборите во САД.
Актерката ги повика Американците да излезат на гласање, не криејќи ја својата нетолеранција кон Доналд Трамп.

