Многумина се згрозуваат кога ќе слушнат или видат дека има голема разлика во возраста помеѓу двојка.
И се поставува вечното прашање: Колку млад e премлад, а колку стар е престар.
За среќа, постои математичка формула за пресметување на „социјално прифатливата“ разлика во возраста кога станува збор за љубовни парови.
Правилото вели дека треба да го поделите бројот на вашите години со два и да додадете седум години на тоа, што треба да биде минимум под кој не треба да одите.
Значи, ако имате 32 години, „социјално е прифатливо“ да бидете во врска со некој кој има 23 години или повеќе. Исто така, според ова правило е прифатливо 32-годишно лице да биде во врска со некој на возраст од 50 години и под.
Според експертите, ова правило секогаш треба да се придржува при избор на потенцијални партнери.
„Оваа формула ви помага да останете во возрасниот опсег што ќе обезбеди заеднички интереси со вашиот партнер и веројатно ќе ви овозможи подобра комуникација. Меѓутоа, ако сретнете некој чија возраст ја надминува формулата, но ве прави среќни, игнорирајте го правилото “, советува експертот за врска Дејвид Бенет.
Неговата колешка Керол Родерик вели дека не ги советува клиентите слепо да го следат правилото, но „ги охрабрува внимателно да размислуваат за горните и долните ограничувања за возраста на партнерот, особено на веб-страниците и апликациите за да ја пронајдат подобрата половина“. Според неа, кога запознавате некого лично, обично сте во можност да ја процените нивната зрелост, виталност и намери во приближно исто време кога ќе ја дознаете нивната возраст.
Поголеми шанси за развод
„Најризичниот аспект на врската со некој многу помлад или постар од вас е тоа што можеби имате многу заедничко во моментот, но по пет години би можеле да доживеете значителни разлики во целите и начинот на живот“, изјави Родерикова.
Исто така, според една студија од списанието Social Science Research Network од 2014 година, колку е поголема разликата во возраста помеѓу партнерите, толку е поголема веројатноста двојката да се разведе. Паровите со петгодишна разлика имале 18% поголеми шанси да се разведат, стапката на разводи скокнала на 39% кога имало разлика од десет години и 95% кога имало разлика од 20 години.
Иако можеби не треба целосно да се придржувате до оваа формула, таа може да ви помогне да пронајдете некој со кого ќе имате подолготрајна врска.


