Домот на Мараја Кери во Атланта бил ограбен за време на летниот одмор во Капри и Хемптонс.Во ноември минатата година купила луксузен имот во Атланта за 5,65 милиони долари, кој се простира на еден и пол хектар земја, со вила со шест спални соби, пет бањи, тениско игралиште, базен, спа и велнес сала, и фитнес центар чиј проект го потпишува студиото на познатиот американски архитект Стивен Фулер, а деновиве беше објавено дека на почетокот на летото и бил ограбен домот на пејачката Мараја Кери.

Бидејќи истрагата се уште е во тек, полицијата капка по капка ги доставува информациите, а се претпоставува дека провалниците биле поттикнати да дејствуваат од фотографиите кои Мараја Кери ги објави на социјалните мрежи.
Имено, на почетокот на јуни таа со партнерот Брајан Танака и близнаците Монро и Марокан замина на одмор во елитното италијанско летувалиште Капри, а после тоа две недели помина во омиленото американско летувалиште Хемптонс во близина на Њујорк. .

Полицијата за провалата добила дојава на 27 јули, а засега не се знае што им паднало во очи на крадците. Инаку, пејачката е љубител на чевли со потпис на Кристијан Лубутин, чанти Hermes Birkin, и сувенири на познатата актерка Мерлин Монро, која е еден од нејзините модели од светот на шоу-бизнисот и оние со потпис на Волт Дизни, нејзиниот омилен автор.

Нејзината база е во Беверли Хилс, Калифорнија, каде што поседува имот во медитерански стил на западниот брег, додека во родниот Њујорк живее во луксузен пентхаус на Менхетен.
