Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Хали Бери не убеди сите нас да носиме кимоно!

Холивудската ѕвезда деновиве го промовира својот нов филм „Bruised“ и би рекле дека тоа го прави со одличен стил. Таа се појави на снимањето на „Jimmy Kimmel Live“, во секси облека, стилизирана од нејзината долгогодишна соработничка Линдзи Флорес.

Жената-мачка, за оваа пригода, наместо блуза облекла црно кимоно со златен принт и црно мини здолниште со реси – двете парчиња на шпанската дизајнерка Тереза ​​Хелбиг.

Сомотското кимоно го носела отворено на градите, додека половината е прицврстена со црн, кожен ремен со златно копче, дизајнирано како змија која кружи по телото. Шик и секси изгледот е заокружен со пар црно-златни Casadei stiletto сандали и минималистички накит.

Својата бујна, волумска коса, благо ја израмнила, додека шминката и била во неутрални нијанси. Секако, оваа извонредна 55-годишна актерка има со што да се пофали, кога е во прашање нејзиниот физички изглед, а сето тоа е прикажано во нашата галерија.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement