Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Мадона пронајдена во несвест, турнејата откажана: Брза помош ја однела во болница – еве како се чувствува сега…

Познатата пејачка Мадона планираше да ја започне својата светска турнеја од Ванкувер кон средината на јули, по што требаше да настапи во дури 34 градови.

Сепак, се чини дека овој пат среќата и здравјето не помогнаа. Таа неодамна заврши во болница, каде итно е хоспитализирана поради тешка инфекција.

Таа, наводно, била пронајдена во несвест и итно пренесена во болница во Њујорк во саботата, ексклузивно откри Пејџ Сикс.Велат дека била интубиирана во текот на ноќта, по што тубата била отстранета и таа сега е будна и закрепнува.

Во текот на целиот настан покрај неа беше и нејзината ќерка Лурд Леон.

Долгогодишниот менаџер на Мадона во средата на Инстаграм сподели дека пејачката има сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневен престој на интензивна нега.

Сега се вели дека таа е надвор од животна опасност, но останува во болница и се очекува целосно да закрепне.

Планираната турнеја под името ‘Madonna: The Celebration Tour’ е одложена до понатамошно известување, а пејачката ќе ги извести фановите кога ќе се реализира.

Мадона претходно изјави дека е возбудена поради турнејата, а на фановите им порача дека „ќе го приреди шоуто што го чекаа. Сепак, се чини дека верните фанови ќе мора да почекаат уште малку за спектаклот, додека Мадона не биде целосно закрепната и подготвена да се посвети.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement