Пејачката ја нарекоа вонземјанка затоа што често го менува изгледот, а фановите не можат да разберат зошто не сака да прифати дека остарела.Пејачката Мадона (64) со својот изглед повторно успеа да ги шокира обожавателите. Овој пат не се работи за ефекти и голема количина шминка, туку за изгледот на нејзиното лице без трошка шминка.
Мадона често е обвинета дека користи ефекти на фотографии и видеа поради кои изгледа непрепознатливо. Овој пат таа реши на сите да им покаже како изгледа без ништо на лицето.Таа објави видео на TikTok, каде на почетокот беше без шминка. Иако мислеше дека ќе изгледа поприродно, следбениците не беа воодушевени од нејзиниот изглед.
@madonna ♬ original sound – Christinamarie James
– Зошто луѓето не можат да прифатат дека стареењето е неизбежно – напиша една од нив, која смета дека Мадона треба да прифати дека влегла во 60-тите години.

Ова е толку тажно, зошто не можат грациозно да остарат и да знаат кога им истекува времето – додаде друг.

Пејачката во последните неколку месеци шокира со своето лице бидејќи според нејзините обожаватели, таа на секој спот изгледа сосема поинаку. Некогаш ја нарекуваа и вонземјанка.
