Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Луда храброст, вистински потег или ужасна грешка? Овие славни дами повеќе не ја кријат седата коса – еве што имаат да кажат за тоа…

Повеќето жени, и славни холивудски диви и ние „обичните“, редовно ја боиме косата кога ќе пробелее. Ова не е ништо чудно, ниту е новина, згора на тоа, стана толку пожелно, па дури и потребно. Сепак, има храбри дами кои не се вклопуваат во такви калапи, а меѓу нив има и актерки и кралици!

За почеток, Џенифер Лопез пред неколку години изјави дека еден ден едноставно ќе престане да ја бои косата. Сепак, таа сè уште не тргна по тој пат, но затоа тоа го стори шпанската кралица Летиција.

Последните години таа сè повеќе избегнува да се бои, а во нејзината коса се забележуваат бели прамени, што секако воопшто не ја намалува нејзината убавина и стил.

Актерката Џејми Ли Кертис одамна одлучи дека не сака да ја бојадисува косата. Еднаш изјави дека повеќе не сака да става хемикалии на главата.

„Влегувате во просторија и никој нема природна боја на коса, што всушност тоа кажува за нас?“, додаде Џејми.

Девојката на Киану Ривс, Александра Грант, на околу триесет години, како што признала и самата, дозволила природна промена – седава коса.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement