Американската актерка го одржа зборот дека нема да прави голем настан по повод својата венчавка со финансиерот Бадер Шамас, со кој е во врска повеќе од две години, туку само ќе ја објави среќната вест, без детали за церемонијата.
Американската актерка Линдзи Лохан го одржа зборот дека никогаш нема да биде невеста чија венчавка ќе биде толку грандиозна за да го заслужи не толку ласкавиот прекар “bridezila” или во превод премногу захтевна и нереална невеста. Кога во ноември минатата година се пофали со својата свршувачка со познатиот финансиер Бадер Шамас, на своите фанови им порача дека нема да прави циркус од нејзиниот најубав ден. Така и беше: на својот Инстаграм профил минатиот петок објави дека се омажила, пренесува People. Таа не соопшти детали за церемонијата, венчаницата, заветите, букетот, бурмите, кој дошол на нејзината свадба, каде ќе оди на меден месец? Таа откри само неколку реченици од една кратка објава, но нејзините обожаватели не ѝ држат лутина. Среќни се што конечно ја нашла љубовта.
“Јас сум најсреќната жена на светот. Не затоа што ми треба маж, туку затоа што ме најде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодет. Восхитена сум што тој е мојот сопруг. Мојот живот и се. Секоја жена треба да се чувствува вака секој ден“, напиша актерката.

Ѕвездата од филмот „Семејни правила“, која за малку ќе ја уништеше кариерата поради зависноста од алкохол и дрога, пред осум години се преселила во Дубаи, каде нашла инвеститори за нејзиниот нов проект, ноќни клубови во Атина, Дубаи и Њујорк.
Минатата година се врати на актерството: го сними романтичниот божиќен филм „Falling for Christmas“ за Нетфликс и се претстави како нова Линдзи која конечно се ослободи од старите пороци. Дел од заслугата за тоа изгледа има и нејзиниот сопруг, кувајтски финансиер кој живее и работи во Дубаи, каде што се запознале. 36-годишната актерка пред две години, на рок концерт во тој град, откри дека се забавува со згодниот Бадер Шамас, една година помладиот од неа, потпретседател на тамошната филијала Credit Suisse. Во описот на објавата на некогаш најголемата холивудска забава девојка (зад неа се бројни апсења за возење во пијана состојба, позитивни нарко-тестови и присилно повлекување), имаше само два збора: „Волшебна ноќ“. Нејзината венчавка, каде што отвори нова, посреќна страница во животот – со многу љубов и без опијати, сигурно била исто толку магична.
