Станува збор за песна Hold My Hand која ќе се најде на саундтракот на филмот
Веќе знаеме дека наскоро доаѓа продолжението на култниот филм Top Gun, но сега следува уште една одлична вест. Лејди Гага штотуку објави песна која ќе се најде на саундтракот на споменатиот филм. Тоа е песна наречена Hold My Hand, која таа ја напиша за претстојниот Top Gun, а која се појави веднаш по тизерот. Гага ја опишува песната како еден вид љубовно писмо до светот по многу тешки времиња и додава дека синглот го создала во соработка со BloodPop и Бенџамин Рајс. Таа во оваа прилика изјави и дека сака да создаде песна која зборува за потребата да се разбереме, а ја коментираше и блискоста, дури и кога сме далеку еден од друг. Покрај филмот кој со нетрпение го очекуваме, подеднакво се радуваме и на споменатиот саундтрак, на кој работеа и легендарните филмски композитори Харолд Фалтермаер и Ханс Цимер. Премиерата на Top Gun: Maverick ќе се одржи на 26 мај, а дотогаш уживајте во моќната нова песна на неповторливата Лејди Гага.
