Apple TV + нуди пријатна доза на носталгија со комплетно нова документарна серија наречена „The Supermodels“.
Серијата ќе се занимава со кариера на легендарните модели од 90-тите: Линда Еванџелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон. Сите ѕвезди кои влијаеја на модната сцена, се појавија во серијата, гледајќи назад на својот пат кон слава и истражувајќи го нивното постојано влијание врз модната индустрија и светот воопшто.
Apple TV + сумираше во соопштението за печат, пишувајќи: „Додека модната индустрија продолжува да се редефинира – и улогите на жените во неа – ова е крајната приказна за моќта и како четирите жени се здружија, отворајќи им пат на оние што ќе ги следат“.
Наоми им го откри проектот на своите фанови, пишувајќи на Инстаграм „Моите сестри Кристи, Линда, Синди и јас сме исклучително возбудени што ја споделуваме нашата приказна со светот. Се надеваме дека нашето патување во серијалот ќе ги охрабри, мотивира и инспирира младите низ целиот свет “.
Синди сподели слични чувства, пишувајќи: „Возбудена сум што повторно ќе се сретнам со моите драги пријатели за да го прославам и откријам начинот на кој супермоделите ги надминаа традиционалните ревии и границите на моделирањето во модната индустрија“.
Точниот датум на објавување на The Supermodels сè уште не е објавен, но подготвени сме за силни дози на носталгија од златното време на модните писти.
