Крис Џенер, главата на семејството Џенер-Кардашијан, но и менаџерка на нејзините ќерки, беше една од гостите на спектакуларната ревија на висока мода на италијанското модно дуо Dolce&Gabbana, а снимките што ги сними од првиот ред не оставија некого рамнодушен.
Гордоста од првиот ред не ја криеше ниту Хајди Клум, славната манекенка, бизнисменка и членка на жирито на „America’s Got Talent“, ја снимаше својата ќерка Лени, една од моделите на модната ревија….
Долче и Габана, италијанско модно дуо кое организираше висока ревија во прекрасната Венеција, уште долго ќе биде предмет на дискусија во високите кругови на познавачите на модата, критичарите и љубителите на модата.
Моделите кои присуствуваа на модната ревија, одржана на плоштадот Св. Марко, пристигнаа на гондоли, во раскошни креации.
