Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кристи Тарлингтон – и денес може да ја земе титулата супермодел

Елеганцијата и софистицираноста ја красеа манекенката Кристи Тарлингтон во златното доба на супермоделите, а се чини дека нејзиниот препознатлив стил опстанал до ден-денес.

Манекенката Кристи Тарлингтон ја наследила неверојатната убавина од својата мајка, која е родум од Ел Салвадор. Таа со својата харизма го освои модниот свет на 14 години, а кон крајот на осумдесетите потпиша ексклузивен договор од шест милиони долари со познатиот моден магионичар Calvin Klein,и стана заштитно лице на целиот бренд со иницијалите. CK. Никогаш не претерувала со модните додатоци, не носела премногу шминка и накит, а гардеробата што ја носи дозволила да ја истакне нејзината природна убавина. Без разлика дали носи елегантен провокативен фустан во светли бои или обично здолниште, фармерки и кошула, убавината на нејзиното лице и грациозноста доаѓаат до израз. Грејс Кодингтон, долгогодишна креативна директорка на американскиот магазин „Vog“, за Кристи Тарлингтон изјави дека е „најубавата жена на светот“.

Што се однесува до љубовниот живот, Кристи е во брак со американскиот актер Едвард Барнс, со кој има две деца.

Она што е интересно е што познатата манекенка денес често не се појавува во јавноста. Меѓутоа, откако ќе зачекори по улиците на Њујорк, објективите на камерата се свртени кон неа. Така Кристи неодамна беше фотографирана на прошетка, а за таа прилика облече беж комплет кој го спои со црни балетанки. Својот префинет изглед го надополни со едноставна шминка и пуштена коса која и паѓаше зад грб.

Прочитај

Advertisement