Актерката Линда Еванс не крие дека живеела тежок живот, но не се навраќа на тагите што ја скршиле, туку е горда на себе бидејќи од се излегла насмеана.
Актерката Линда Еванс на 18 ноември наполни 80 години, а како што вообичаено се случува со убавиците од нејзиниот калибар – таа и понатаму е дама која мами воздишки!
Ѕвездата на популарната сапуница „Династија“, која ги одбележа осумдесеттите, а во Америка имаше премиера од 1981 до 1989 година, е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде сега сподели фотографија од роденденската прослава.
Поранешното ТВ лице Кристл Карингтон позираше во бел блејзер со пердуви од ној со светки покрај бела торта со златни свеќички и пред соодветните роденденски украси. Со широка насмевка,Линда им порача на своите фанови:
- Вака е на 80! Моето срце е толку полно… и мојата благодарност толку длабока!
Таа им се заблагодари на своите следбеници за нивните добри желби и истакна дека поддршката од нејзините обожаватели го прави нејзиниот живот комплетен.
- Секоја твоја роденденска желба ми значи многу! Животот е таков подарок – а тоа што ве има толку многу е за мене голем дел – нагласи актерката.
Линда Еванс по повод својот 80-ти роденден даде интервју за германскиот магазин BUNTE во кое истакна дека стареењето не и носи негативни емоции.
- Бројката е голема, но на моите години гледам како на авантура. Возбудено чекам да видам што ми носи животот – нагласи Линда.
На прашањето што не би променила во животот доколку би можела повторно да избере, актерката одговорила:
-Повторно би купила куќа во Такома и никогаш не би се откажала од потрагата по љубов. И покрај тоа, го сакав секој период и секој предизвик во мојот живот. Страдав многу, но гордa сум на тоа.
Актерката со норвешко потекло живееше интересен, но секако на моменти тежок живот.
Актерката Линда Еванс е родена на 18 ноември 1942 година во Хартфорд, каде што нејзиното семејство се населило по доаѓањето во Америка од Норвешка. Таа за прв пат се појави пред камера во 1960 година, во серијата „Татко ерген“ во која главната улога ја имаше Џон Форсајт, со кој подоцна играше во „Династија“.
Беше во брак двапати, а љубовниот живот секогаш ја заинтригираше. Нејзиниот втор сопруг беше Стен Херман, со кого беше во брак од 1975 до 1979 година, додека беше во брак со Џон Дерек од 1968 до 1974 година.

Иако многумина подоцна помислија дека таа го оставила Дерек за Херман, вистината е дека Џон Дерек ја изневерил Линда со младата актерка Мари Кејтлин, која тогаш била само дете и која потоа се омажила за него и го сменила името во Бо Дерек.
– Кога ме остави за Бо, кој тогаш имаше 15 години, сакав да умрам. Во тоа време, тоа беше најлошото нешто на светот што можеше да ми се случи – животот без Џон. Тој ми беше се. Бев лутa, бев тажнa. Тоа беше најлошиот спој на работи. Ги поминав сите фази, но прекрасен е тој момент кога целосно ќе го исклучите мозокот и ќе ја насочите целата енергија на себе и ќе престанете да размислувате за минатото. Кога ќе почнете да размислувате за иднината, можете да имате прекрасен живот. Секојдневно учам за такви работи – изјавила Линда во едно интервју.
Ова не е единствената ситуација во која настрада Линда поради почитта што ја уживаат нејзините помлади колеги. Како што подоцна изјави и самата, отворената холивудска мизогинија и отфрлањето на жените кои веќе не се во цутот на младоста ја чинат и брак и многу улоги.
- Го почувствував холивудскиот ужас на младоста и убавината на своја кожа. Тогаш имав само 28 години, но се чини дека бев премногу старa за Џон. Едноставно после тоа постојано имав впечаток дека не сум доволно добра и дека треба што поскоро да го подобрам својот изглед – изјавила Линда во една прилика.

По пропаѓањето на нејзиниот втор брак, со Стен Херман, таа беше во врска со музичарот Јани од 1989 до 1998 година. Сепак, сето тоа време таа беше во тешка депресија, се бореше со недостаток на самодоверба и токму во тие денови започнаа сè почестите посети на Линда кај естетскиот хирург.
Од крајот на деведесеттите до 2020 година не сними ниту една улога, а дури тогаш се појави во само една епизода од германската сапуница „Брод од соништата“, додека следната година се појави во филмот „Лебедова песна“.
Ништо повеќе не можеше да ја израдува, а актерката по години психички проблеми стана зависна од лекови против болки. Пред неколку години била уапсена поради возење под дејство на опијати, а полицијата во нејзиниот автомобил пронашла поголема количина апчиња за кои немала рецепт.
Како што се оправдувала, почувствувала неподносливи болки во грбот, а во моментот на апсењето била толку без памет што на полицаецот наместо возачка дозвола му дала кредитна картичка. Но, таа не завршила зад решетки, туку добила условна казна, а лековите и биле одземени.

Денес, Линда има 80 години и живее повлечено во Такома, пристанишен град во државата Вашингтон. Многу обожаватели на „Династија“ можеби нема да ја препознаат, како поради годините што поминаа, така и поради бројните операции на кои таа беше подложена. Сепак, таа сепак победува со погледот и насмевката, нели?