Познатата манекенка од 80-тите има 69 години, а во краток летен фустан изгледа како девојka..
Ако постои жена во светот на шоу-бизнисот за која времето застанало, тоа е Кристи Бринкли.
Таа беше супермодел во 90-тите, владееше со модните писти, а насмевката со која зрачи е во голема мера заслужна за нејзиниот неверојатно младешки изглед.
Познатата манекенка Кристи Бринкли продолжува да ја фасцинира јавноста со својот фантастичен изглед на 69-годишна возраст, а деновиве се појави и на натпревар во поло во Хемптонс.

Кристи за оваа пригода облече романтичен летен жолт фустан со разиграни мотиви како што се популарните јаки и надуени ракави.Годините не ја спречија да има мини долг фустан со ниско деколте, а целата комбинација ја заокружи со рамни сандали и шарена сламена чанта.

Бујната коса, совршениот тен и насмевката на лицето се нејзин заштитен знак, а на овој изглед би позавиделе и нејзините 20 или 30 години помлади колешки.

Инаку, Кристи е вегетаријанка од својата 13 година, пие многу течности, редовно прави пилинг на телото и што е најважно никогаш не го изложува телото на сонце без соодветна заштита. Еднаш признала дека користела филери и ботокс, но изјавила дека не е задоволна од резултатите, па ја прекинала практиката.
