Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Криси Тајген одбележа една година како не испила ни капка алкохол, а во емотивна исповед ја опишала борбата со пороците…

Криси Тајген, американската манекенка и сопруга на музичарот Џон Леџенд, која во неколку наврати јавно проговори за борбата со алкохолот, прослави една година присебност. Таа во оваа прилика на својот Инстаграм профил објави видео од семејно патување, а во емотивна исповед ги опиша деновите на алкохолизирана …

Во искрена објава на Инстаграм, 36-годишната манекенка Криси Тајген објави дека поминале точно 365 дена откако последен пат испила капка алкохол.

Ниту една капка алкохол за 365 дена. Понекогаш ми недостига тоа зашеметено и безгрижно чувство, но да бидам искрен, на крајот алкохолот престана да ми го дава тоа забавно чувство. Пиев за да се справам со анксиозноста што ја чувствував, но таа на крајот исчезна кога престанав да пијам“, забележа таа во својата објава.

Сопругата на наградуваниот музичар објасни дека пиела за да се справи со анксиозноста, иако забележала дека овие чувства подоцна во голема мера исчезнале кога таа целосно престанала да пие минатата година.

„Во секој случај, се чувствувам многу добро, иако понекогаш многу се фрустрирам кога ќе се навратам на деновите на кои не се сеќавам поради алкохолот“, сподели таа.

Таа во објавата се осврна и на некои моменти кои поради пијанство не ги памети добро. „Посакувам да се сетам на која било церемонија на доделување. Има фотографии од големи моменти во мојот живот на кои моите очи изгледаат како да ги нема“, објасни таа и заклучи дека знаела дека никогаш повеќе не сака да биде таква.

Криси Тајген и музичарот Џон Леџенд, кој пред две години беше прогласен за најсекси маж од магазинот People, се родители на две деца – шестгодишната ќерка Луна и четиригодишниот син Мајлс.

Пред две години поранешната манекенка и авторка на книги за готвење доживеа голема трагедија кога во петтиот месец од бременоста го загуби третото бебе кое со нетрпение го очекуваше со сопругот Џон Леџенд.Заљубениот пар се запозна во 2007 година за време на снимањето на спотот на Џон за песната „Стерео“, а шест години подоцна се венчаа на италијанското езеро Комо.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement