Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кренаа прашина со бакнеж ВО УСТА на Оскарите: Еве каде е денес и што прави братот на Анџелина Џоли…

Џејмс Хејвен е брат на Анџелина Џоли, а на јавноста и стана познат по познатиот бакнеж со неговата сестра.

Џејмс Хевен и Анџелина Џоли привлекоа неверојатно внимание откако таа го бакна во уста на доделувањето на Оскарите.

Не ја бакнав Енџи „Френч“. Тоа беше нешто едноставно и прекрасно. Таа се подготвуваше да оди во Мексико за да го заврши снимањето на „Првиот грев“ со Антонио Бандерас. И честитав на Оскарите и брзо ја бакнав во усни. Тоа пукна и стана голема работа – изјави Хевен за Дејли Меил во 2007 година.

Деновиве Џејмс Хевен беше виден во Малибу и папараците го препознаа и покрај капата и темните очила на главата. Тој е во врска со Ешли Рејн 12 години и се тврди дека додека Анџелина и Бред Пит биле во брак, тој се грижел за нивните деца.

Многумина се уште се сеќаваат на таа сцена, а таа и понатаму предизвикува бројни коментари, па сите се прашуваат каде е денес Џејмс по 2000 година, кога цел свет се сети на него.

Хевен е две години постар од Анџелина и денес води сосема мирен и затскриен живот, далеку од очите на јавноста. За многумина врската помеѓу брат и сестра беше чудна, а одреден период постојано беше присутен на фотографиите на познатата актерка.

Некои медиуми дури тврдеа дека славниот пар се развел поради Хевен бидејќи Пит повеќе не сакал да го трпи неговото секојдневно присуство во нивните животи. Братот и сестрата сепак ги разделија патиштата неочекувано, а Џејмс Хејвен се занимава со продукција и режија.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement