Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кралицата на попот се враќа: Мадона се опорави,наскоро ќе ги открие новите датуми на турнејата…

Мадона беше принудена да ја одложи турнејата по повод 40 години од објавувањето на нејзиниот прв албум, поради тешка бактериска инфекција, хоспитализација и последователно закрепнување дома.

Поп-кралицата Мадона изгледа добро се опоравува од здравствената криза што ја зафати кон крајот на јуни, па така најави дека наскоро ќе ги објави точните нови датуми на нејзината славеничка турнеја. Датумите најпрво ќе се појават на Инстаграм на 64-годишната ѕвезда, а како што најави,тоа ќе се случи „во следните неколку дена“.

Мадона беше принудена да ја одложи светската турнеја “Celebration”, со која сака со своите обожаватели да ја одбележи 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот прв албум, поради тешка бактериска инфекција која за малку ќе ја убила, хоспитализација, а потоа и домашно лекување. „Повторно ви благодарам за вашата неверојатна поддршка и трпеливост во изминатите неколку недели. Со задоволство можам да кажам дека во наредните денови доаѓа новиот распоред на концерти. Се гледаме наскоро на заслужена прослава“, им напиша музичарката на своите обожаватели над фотографијата со жолта роза на дланката.

Таа веќе во јули објави дека турнејата ќе започне во Европа, а не во Северна Америка како што беше првично планирано. Обожавателите треба да почекаат уште малку за точниот распоред, а Мадона сподели со нив колку им е благодарна на своите деца за поддршката додека била болна. „Љубовта кон семејството и пријателите е најдобриот лек. Месец дена по излегувањето од болница се уште можам да размислувам“, напиша таа и објави неколку фотографии. Меѓу нив е фотографија со нејзиниот 17-годишен син Дејвид Банда и уште една на која позира со нејзината 26-годишна ќерка Лурд Леон. „Кога сè потона, моите деца беа тука за мене. Видов страна од нив каква што досега не сум видела“, напишала гордата мајка која едвај чека да ги запознае обожавателите.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement