Сите кои биле загрижени за здравјето на кралицата Елизабета Втора можат мирно да спијат.
Кралицата брзо и во поблага форма го победи корона вирусот. Кралицата Елизабета минатата недела отиде во Виндзор, каде што сега е принцот Вилијам со Кејт Мидлтон и децата, како и принцезата Евгенија со нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк и нивниот едногодишен син Август, за да поминуваат време со семејството.
Да потсетиме, болеста на кралицата беше откриена пред две недели. Дури и тогаш, Бакингемската палата побрза да ги убеди британските поданици дека ништо не ги загрозува животот и здравјето на кралицата, но тоа не го спаси кралството од бројните гласини. За време на болеста, кралицата откажа многу важни видео повици од кои печатот заклучи дека нејзината состојба е многу сериозна. Американскиот таблоид Hollywood Unlocked дури објави дека кралицата починала. Се испостави дека Елизабет го изгубила гласот на неколку дена поради вирусот, па не можела да телефонира и да остварува видео повици.
Сега кралицата е добро и деновите ги поминува во друштво на внуците и правнуците.
