Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кралицата Елизабета – Најскромниот монарх на целиот свет

Ако сте од благородно потекло, дали би ги споделиле своите пари со оние на кои очајно им требаат, би купиле што сакате, или сепак ќе останете приземни?

Веројатно не сте ни сигурни кој е точниот одговор на ова прашање, бидејќи веројатно никој, освен оние кои имаат неверојатни суми пари, не може да знае.

Кралицата Елизабета, чие богатство се проценува на околу 500 милиони долари, е позната како дисциплинирана и штедлива кога станува збор за трошење пари. Иако можеби не верувате, кралицата на времето одбивала да ги троши своите пари на тривијални работи и се посветувала само на оние моменти што се важни.

Дали знаевте дека токму таа воведе забрана за купување скапи подароци во Бакингемската палата, затоа што верува дека членовите на нејзиното семејство веќе се доволно благословени со нивниот статус и дека не треба понатаму да се расипуваат со вредни предмети? Верувале или не, ова важи и за нејзините внуци и правнуци!

Кралицата има и правила на однесување и облекување кои – во најголем дел – мора да ги следат сите членови на кралското семејство, а едно од нив вклучува забрана за носење часовници на какви било јавни собири, бидејќи смета дека дури и кога ненамерно ќе го погледнете часовникот, тоа значи дека ви е досадно или мора да одите.

Нејзиниот живот е, во најмала рака, фасцинантен, особено со оглед на фактот колку години има и дека сè уште важи за една од најмоќните жени во светот. Откријте како ги троши своите кралски пари подолу.

Кралицата Елизабета честопати е опишана како многу скромна од нејзиниот персонал, користејќи само шест од седумстотини седумдесет и пет соби во нејзината палата.

Според нејзината шивачка, кралицата редовно е во нејзината спална соба, приемна соба, соблекувална, бања, свечена просторија каде се среќава со шефовите на држави и собата на империјата, која функционира како чекална. Остатокот од просториите не се во употреба, барем не секој ден.

Кралицата Елизабета ги „рециклира“ своите постелнини, украсни ленти и украсна хартија

Наводно, кралицата сè уште ги користи постелнините и ќебињата што ги спасила од поранешната Кралска јахта Британија, кога бродот бил изнесен од употреба во 1997 година.

Исто така, кралицата секогаш чува украсна хартија и панделки и не им дозволува на членовите на нејзиното семејство да купуваат скапи подароци за празниците.

Кралицата е позната и по својата скромна диета – сака да јаде риба, зеленчук и салати и користи наједноставен прибор за јадење.

За своите дневни оброци, кралицата користи храна што ја користи и остатокот од Обединетото Кралство. Нејзиниот поранешен готвач откри дека кралицата ужива во рибите на скара, таа користи јадења од деветнаесеттиот век, на кои сè уште стои печатот на кралицата Викторија.

Покрај познатите чанти Лаунер, ракавици и црни чевли, кралицата има уште една модна одлика: лак за нокти Essie Ballet Slippers, чија цена е 10 американски долари. Според наводите, таа започнала да користи лак кој практично не се гледа на нејзините нокти во 1989 година, а варијантата на Еси и одговара одлично.

Верувале или не – кралицата Елизабета строго се грижи за потрошувачката на електрична енергија – во еден момент, таа постави знаци околу палатата, потсетувајќи го нејзиниот персонал да ги исклучи светлата во неискористените простории и често се проверува дали сите светла се исклучени . Имајќи предвид дека во палатата има над 40 000 сијалици, веруваме дека заштедите се големи.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement