Најстариот син на кралицата Елизабета ќе го преземе престолот за само шест месеци – кога неговата мајка ќе се повлече од тронот, на нејзиниот следен роденден.
Ова го изјави кралскиот биограф Роберт Џобсон. „Сè уште цврсто верувам дека кога кралицата ќе наполни 95 години, таа ќе се повлече“, изјави Роберт Џобсон за телевизијата True Royalty.
На 21 април, Елизабета Втора ќе има 95 години. Таа имала само 27 години кога била крунисана по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, на 6 февруари 1952. Принцот Чарлс ќе наполни 72 години на 14 ноември.

Новинарот на Newsweek, Џек Ројстон се согласи дека промената се чини дека доаѓа во Велика Британија. „Не мислам дека кралицата ќе сака да го предаде тронот, но ќе дојде моментот кога таа ќе му предаде сè на Чарлс. На крајот на краиштата, како таа може да го погледне својот син во очи и да му каже дека тој никогаш нема да биде крал? “ – додаде тој.
Сè уште не се појавија официјални коментари од кралското семејство – но со нетрпение ја очекуваме одлуката на кралицата.
