По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима му го даде срцето на Андре Ламерс.
Неодамна во сите медиуми одекна добрата вест дека познатата манекенка Адриана Лима по трет пат стана мајка и по две ќерки роди син, на кој таа и нејзиниот партнер Андре Лемерс му дадоа необично име – Цијан.
И додека честитките за профилот на бразилската убавица не престануваат, сите очи се вперени во гордиот тато. Синот Цијан е неговото прво дете, а Адријана од бракот со Марко Јариќ има две ќерки, Сијена (9) и Валентина (12).Кога по разводот со српскиот кошаркар објави дека е повторно среќна и вљубена, многумина веднаш почнаа да го споредуваат изгледот на поранешниот и новиот партнер на манекенката. Рангирањето започна на Твитер и во таа „борба“ победи поранешниот кошаркар за кого рекоа дека „повеќе и прилега на Лима“ бидејќи е „подобар тип од Андре“.

Сепак, многу луѓе се прашуваат кој е мажот кој го освоил срцето на една од најубавите жени во светот. Она што се знае за него е дека бил извршен директор на „MiLu Entertainment“ и дека е партнер во „Hollywood Gang Productions“, компанија која произведува содржини за ТВ и филмови.
Андре не е активен на социјалните мрежи, но и помага на Лима со нејзините активности на Инстаграм и ТикТок, каде пред неколку месеци објавија дека стануваат родители и дека чекаат момче.
Во неколку наврати заедно се појавуваа на јавни настани и црвени теписи, а светските папараци се обидоа да ги уловат во полежерни изданија.
