Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кој би помислил дека наскоро ќе наполни 60 години: Бред Пит изгледа подобро од било кога…

Во декември холивудската актерска суперѕвезда Бред Пит ќе го прослави својот 60-ти роденден, а сите што ги виделе неговите фотографии направени во Силверстоун, каде се одржува трката за Големата награда на Формула 1, се прашуваат која е тајната на неговиот изглед. Бред Пит, всушност, според општото мислење изгледа подобро од било кога, а тајната на младоста, според упатените, ја должи на добрите гени, редовното вежбање, пилингот, инјекциите ботокс и неинвазивните естетски процедури. Не е тајна дека по бурниот развод со Анџелина Џоли, кој емотивно го скрши, Бред Пит беше подложен на бројни процедури за да ги избрише трагите од страдањата и маките низ кои минуваше.

„Филери, ботокс, хемиски пилинг, ласерски третмани за корекција на брчките околу очите, а исто така и затегање на кожата на лицето“, откри естетскиот хирург Лајл Бек, кој ги проучуваше фотографиите на Пит и додаде дека сето тоа се вообичаени третмани за подмладување на оние кои можат да си дозволат.

Бред Пит е роден на 18 декември 1963 година во малото гратче Шони, Оклахома, а по студиите по новинарство на Универзитетот во Мисури, пристигнал во Холивуд со желба да се испроба во филмската фабрика на соништата.”Тој едноставно го има – тоа нешто, што обично се нарекува харизма. Кога ќе влезе во собата, атмосферата се менува, а кога ќе ве погледне со сините очи, не можете да останете рамнодушни”, изјави актерката Џина Дејвис, неговата партнерка во филмот „Телма и Луиз“ во 1991 година. Бред Пит и се заблагодари спомнувајќи ја во неговиот говор за прифаќање на Оскар во 2020 година за неговата улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино.

Бред Пит и Шалејн Мекол, негова тогашна колешка во ТВ серијата „Далас“ во 1987 година.
Бред Пит и Марион Котијар во филмот „Тајна врска“ во 2016 година.

Тој дознал за придобивките од редовното вежбање додека се подготвувал за улогата во црната комедија на Дејвид Финчер „Fight Club“.Тогаш беше во врска со својата колешка Џенифер Анистон со која се ожени во јули 2000 година, а нивниот развод го помогна снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, каде ја запозна Анџелина Џоли. Медиумите ја нарекоа славната холивудска двојка Бранџелин,а тие одгледаа шест деца Медокс, Пакс, Јахар, Шајло, Вивиен и Нокс.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement