И покрај сите квалитети што влијаат на нас да задоволиме некого, примитивните инстинкти не можат да се игнорираат ниту денес, велат научниците.
Имено, истражувањето во кое учествувале 400 лица покажало дека девојките кои имаат машки пријатели или работат во претежно машки колективи се далеку попривлечни за мажите, а може да ја погодите и причината – станува збор за ривалство!
Како што заклучиле експертите, мажите се возбудени од помислата да имаат ривали, односно дека нивната партнерка лесно може да ги изневери доколку сака, па затоа треба да се борат за нејзината наклонетост. Ова, се разбира, не значи дека можноста за мамење е привлечна, но дека примитивниот инстинкт да се бори за партнерот со цел „да се обезбеди потомство со најпосакуваната жена“ е клучен, тврди авторот на студијата Мајкл Пем од Универзитетот во Окланд.

- „Мажите се импресионирани кога нивната партнерка е привлечна за другите мажи, кога сакаат да се дружат со неа. Тоа значи дека направиле одличен избор, но исто така е потврда за нивната вредност – затоа што тие жени ги избрале нив“ – додава Пем.
