Со 46-години помладиот дечко, Келвин Клајн ретко се појавува во јавноста.
Иако се заедно повеќе од 5 години, заедничките појавувања на Келвин Клајн и неговото момче Кевин Бејкер во јавноста се избројуваат на прсти од едната рака.
Минатата година за прв пат беа снимени во популарен италијански ресторан во Западен Холивуд, а само една година подоцна – на истото место.

Иако е познат по своите неверојатни кроеви и истакнати тоалети на црвениот тепих, легендарниот дизајнер беше лежерно облечен за саботно попладневно излегување – во сива маица, сини фармерки и сиви патики. Неговото момче се приклучи на лежерниот дрес код во темнозелена маица и каки панталони.

Познатиот дизајнер, чија нето вредност на модната империја се проценува на неверојатни 700 милиони долари, аутфитот го комплетираше со модерни авионски очила за сонце, кои инаку ги преферира со сите комбинации.

Пред да излезе со Кевин, Келвин беше во врска со поранешната порно ѕвезда Ник Грубер, кој беше речиси 50 години помлад од него, а често беше на насловните страници поради дива забава и употреба на дрога. Токму неговиот бурен начин на живот и лекувањето од зависности доведоа до нивно раскинување.
Кевин Бејкер е модел и актер, по потекло од Спокејн, Вашингтон. Во 2012 година, тој глуми во краткиот филм наречен „Оператор на далечина“.
Калвин и тој никогаш јавно не зборувале за нивната врска, но со години доаѓале заедно на важни модни настани. Тие првпат ја открија својата врска во 2016 година на црвениот тепих на есенските гала вечери на Американскиот балетски театар.

