Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Конечно дознавме од каде ѝ се милионите на оваа старлета: Ким Кардашијан најмногу заработува од ова!

Риалити ѕвездата и мега успешната деловна жена, Ким Кардашијан откри во разговорот со легендарниот Дејвид Летерман како заработува пари на најлесен начин. Иако на почетокот би се сметало дека реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“ е најзаслужното за нејзината империја, таа откри дека тука е скоро во загуба.

  • “Вистина е дека не би биле тоа што сме, ако тоа реалното шоу не постоеше и затоа продолжувавме да ги споделуваме своите животи со јавноста. Сепак, понекогаш една објава на социјалните мрежи ми носи повеќе пари отколку цела сезона во ријалити шоу”, откри Ким.

Сепак, не треба да се заборави дека благодарение на ова шоу, Кардашијанс привлекоа внимание на огромен број следбеници на социјалните мрежи: само Ким ја следат 190 милиони корисници на Инстаграм.

Ким Кардашијан годинава се најде на американската листа на милијардери, кога успеа да заработи петина од нејзината шминка бренд KKW за 200 милиони, така што нејзината вредност официјално стана тешка милијарда.

Козметичкиот гигант „Coty“, кој учествуваше во овој бизнис, даде голем акцент на директната комуникација со корисниците преку профилот на Кардашијан на социјалните мрежи. Од друга страна, овој месец Ким официјално објави дека реалното шоу „KUWTK“ е при крај.

Целата оваа приказна за реалити ѕвездата поставува клучно прашање во еволуцијата на медиумите донесена од социјалните мрежи. Имено, воајерските склоности на пошироката јавност се повеќе се свртуваат кон Инстаграм, Фејсбук и други дигитални извори, а телевизијата, иако сепак успева да привлече публика со ваков тип на содржина, очигледно ќе мора да се занимава со производство на подобри формати во догледно време.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement