Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кое време од денот е најдобро за секс?

За време на попладневниот секс, еден човек успева да се разбуди доволно добро за да ужива, а од друга страна, сè уште не успеал да се умори од силни обврски. Сепак, вечерта им е омилена на многумина затоа што заспиваат убаво презаситени од хормоните на среќата.

Придобивките од утринскиот секс

Се вели дека предностите се многу, од лесна утринска вежба за организмот до започнување на денот со хормони на среќа и добро расположение. И кога утрото започнува добро, обично е така цел ден.

“Нивото на тестостерон е природно највисоко наутро, поради што мажите имаат утринска ерекција. За оние кои рано се будат, сексот е одличен начин да се започне денот”, изјави сексуалниот терапевт Теми Нелсон.

Утринскиот секс може да биде уште попријатен бидејќи телото е опуштено после добар сон, иако тоа не е случај со сите луѓе, смета сексуалната тренерка Џиџи Енгл.

Таа истакна дека утринското уживање во страстите има и негативни страни.

“Веднаш по будењето, вашето тело е сè уште во мирување, па чувството на задоволство не е како кога сте целосно будни. Вашите нервни завршетоци сè уште спијат”, објасни таа.

Попладневен секс за оние кои не се утрински птици

“Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат и да ги мијат забите пред сексот. За други, утринскиот секс би предизвикал уште поголем замор и помало чувство на живост”, вели терапевтот Нелсон.

Од друга страна, уживањето во страствени прегратки навечер е убава мисла за многумина, но тие немаат доволно енергија за тоа после напорниот ден. И тука доаѓаме до попладневниот секс, што е точно на средина. Човекот се буди доволно за да ужива, а од друга страна, сè уште не е уморен од силни обврски.

Што е со сексот навечер?

“Оргазмите се билет во еден правец за спиење. После неверојатен секс и оргазам, вашиот мозок ослободува коктел од хормони кои прават да се чувствувате добро, како серотонин и окситоцин”, вели Енгл.

Окситоцинот ја зајакнува љубовта и врската помеѓу партнерите, а ослободувањето на овој хормон пред спиење создава позитивни чувства кон партнерот со кој влегувате во светот на соништата.

Исто така, додавањето на вечерен секс во вашата рутина може да биде нешто што можете да го очекувате цел ден, нешто убаво и возбудливо на крајот на напорниот ден.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement